Кога културата е достапна за сите, таа станува дел од секојдневието и создава моменти што обединуваат.
Токму со таа идеја, Mozza t продолжува да поддржува театарски содржини и да им овозможува на граѓаните полесен пристап до уметноста.
Претставата „Аматери“ во Театар Комедија е четвртиот и воедно последен театарски настан што Mozza t го организира годинава во рамките на својата посветеност кон развојот и поддршката на културата.
Верувајќи дека театарот треба да биде близок до луѓето и достапен за секој што сака да биде дел од магијата на сцената, Mozza t и овојпат овозможува претставата да ја проследи пошироката публика без надомест.
Во актерската екипа настапуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жарко Димовски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елана Кузманов, чии имиња гарантираат незаборавно театарско доживување.
Со оваа последна театарска вечер за годинава, Mozza t уште еднаш потврдува дека поддршката на културата претставува значаен дел од неговите општествено одговорни активности. Целта останува иста – уметноста да биде поблиску до луѓето, а културните настани подостапни за сите генерации и во иднина.
ПР




















