Силен земјотрес со магнитуда од 7.3 степени по Рихтер го погоди крајбрежјето на источна Јапонија, повредувајќи десетици луѓе и предизвикувајќи широко распространет прекин на електричната енергија, пренесува Ројтерс.

Според првичните информации нема поголеми штети и не е издадено предупредување за цунами.

Епицентарот на потресот бил крај брегот на префектурата Фукушима на длабочина од 60 километри, соопшти јапонската агенција за метеорологија.

Тектонскиот удар бил почувствуван и во Токио, оддалечен стотици километри од епицентралното подрачје.

Прикажи повеќе