По првото полувреме, играчите на Тотенхем губат на домашен терен против Астон Вила со 2:1.

Тотенхем и Астон Вила го играат мечот од претпоследното коло од англискиот шампионат, а гостите водат со 2:1.

Лондонскиот клуб одлично го отвори натпреварот и поведе во осмата минута кога голот за 1:0 го постигна Бергвијан.

Сепак, Астон Вила успеа да стигне до израмнување во 20-та минута со многу среќа.

Имено, во центарот на вниманието беше левиот бек на Тотенхем, Серхио Регуилон, кој постигна спектакуларен автогол за 1:1.

Овој необичен автогол можете да го видите ТУКА .

Астон Вила дојде до целосен пресврт во 39-та минута кога погоди Воткинс од 2-1.