Жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот Океан, први ја дочекаа новата 2023 година, во 11 часот по средноевропско време.

Advertisements

Коралните острови Кирибати сочинуваат една република, сместена во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4 000 километри југозападно од Хаваите. Новата година во Кирибати ја слават жителите кои се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“ и излегуваат на улиците и прават здравици на полноќ.

Новата година пристигна и во Нов Зеланд, а потоа ќе пристигне и во Австралија, Јапонија, Северна и Јужна Кореја, а потоа Кина, Малезија, Сингапур и Хонг Конг.

Прикажи повеќе