Пејачката Рита Ора ги пушти камерите на Architectural Digest во нејзиниот дом и покажа како изгледа нејзината куќа во Лондон вредна 7,5 милиони фунти.
Рита минатата година купи викторијанска куќа со шест спални.
Првично била изградена во 1877 година и оттогаш поминала низ различни реновирања за да изгледа вака денес.
„Изградена во 1800-тите, првично беше во сопственост на илустратор по име Артур Ракам, еден од моите омилени уметници. Тој ги направи сите илустрации за Алиса во земјата на чудата, Црвенкапа… Куќата има многу добра и креативна енергија што ми треба и го почувствував штом влегов“, изјави Рита.
Пејачката им даде поглед на фановите на Architectural Digest во прекрасниот дом со удобен мебел, мирна градина и историски детали.
Таа рече дека главната причина поради која ја купила куќата е нејзината историска важност, додавајќи дека отсекогаш ја привлекувале домовите со „стар дух“.
Таа ја покажа и својата гардероба
Горда на историјата на домот, Рита покажа на украсената дрвена преграда што ја дели нејзината трпезарија од дневната соба и рече дека оваа карактеристика била во куќата откако е изградена.
На видеото се гледа и гардеробата на пејачката, каде што има ѕид украсен со бејзбол капи и редови патики.