Министерот за здравство, Беким Сали на денешната прес конференција рече дека во тек се повеќе инспекциски контроли во клиничката болница „Жан Митрев“ кои треба да ги утврдат сомнежите изнесени во истражувачката сторија на „ИРЛ“. Клиниката „Жан Митрев“ е ставена и под лупа на Државниот санитарен здравствен инспекторат и претставници на Агенцијата за лекови МАЛМЕД.
„Никој нема да биде над законот. Ова нема да биде заборавен случај, ќе го тераме до крај. Доколку се утврди одговорност, тоа ќе го има“, рече министерот Сали.