Патиките на Канје Вест, коишто раперот ги носеше на Греми наградите во 2008 година, се продадени за рекордни 1,8 милиони долари. Ова се првите патики што се продадени за над милион долари, соопшти стоковната куќа „Sotebis“.

Цената го надмина претходниот рекорд три пати. „Sotebis“ наведува дека патиките „Air Yeezy 1“ ги купиле луѓе преку платформата за инвестиции „Rers“, по пат на приватна продажба.

Канје е икона, без оглед на тоа што мислат луѓето за него. Чувствувавме дека овие патики се катализатор за она што сакавме да го сториме во однос на фракционалната сопственост, истакнал Џером Сап, извршен директор и соосновач на „Rers“, пренесува Blumberg.

Претходно, рекордната аукциска продажба на „Sotebis“ се случи на 1 мај 2020 година, кога купувач плати 560.000 американски долари, исто така, за пар „Nike air Jordan“ патики.