На трката во Австралија од Мото 2 серијата видовме еден страшен инцидент кој за среќа помина „само“ со потешка скршеница.

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Наваро изгуби контрола над својот мотоцикл во петтиот свиок од патеката и падна од него. Во тој момент зад него беше Италијанецот Симоне Корси кој немаше можност да го избегне и го прегази.

За среќа Наваро не се здоби со витални повреди. Шпанецот поминал со скршеница на бутната коска, повреда поради која ќе мора да се оперира и ќе следи долга рехабилитација.

Прикажи повеќе