Милан како гостин славеше со 3:1 против Парма, стрелци на головите беа Ребиќ, Кеси и Леао, додека за домаќините погоди Гаљиоло. Но, „Росонерите“ овој меч го завршија со играч помалку, откако во 60-та минута поради неспортско однесување црвен картон заработи Златан Ибрахимовиќ. На Швеѓанецот ништо не му беше јасно, а ниту другите. Во еден момент судијата Фабио Мареска го прекина мечот и го испрати Ибра во соблекувалната. Се чини дека му дофрлил нешто на судијата, што секако ако се знаат прецизните италијански медиуми за кусо време ќе биде познато што точно се случувало.

Инаку, Милан со овие три бода барем до утре ја намали бодовната разлика во однос на Интер на минус осум бодови. Со оглед на тоа дека Ибра на следниот меч нема да игра, се чини дека трката за титулата за Милан се компликува.