Пред да ја започнеме 2021 година во која секако посакуваме сите уште многу спортски успеси, во продолжение ќе го одвоиме најдобриот спортски момент во Македонија за 2020 година.

Македонската фудбалска А репрезентација на 12 ноември забележа победа против Грузија во Лигата на нации за нејзино прво учество на Европско првенство.

Златниот погодок на стадионот во Тбилиси беше дело на еден од нашите најискусни фудбалери, Горан Пандев во 56 минута од средбата.

На континенталниот собир Македонија се наоѓа во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија, и натпреварите ќе ги играме во Букурешт и Амстердам.

– Во Џенова ќе ја завршам кариерата. Моите желби во 2021 година се секако прво здравје, потоа опстанок со мојот клуб во Серија А, но и да играм пред навивачите на таа екипа. Исто така да уживам со македонската репрезентација на Европското првенство каде што нема што да загубиме – рече Пандев во интервјуто за „Il Secolo XIX“.

На следниот видео запис можете да го погледнете историскиот гол на Пандев за пласман на ЕП, а воедно и радоста по победата: