реклама

Откако во последен момент беше потврдено дека Лејди Гага ќе настапи на Оскарите, пејачката ја соблече сета шминка пред да излезе на сцената и се пресоблече во едноставна црна маица и панталони, а доби и бројни пофалби за нејзиниот лежерен изглед.

Пејачката ја изведе својата песна Hold my hand, за која беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра песна, во која победи песната Naatu Naatu на Рахул Сиплигуњ и Каал Бајрав од филмот RRR.

реклама