Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза со солзи во очите го напушти теренот на „Алијанц“ Арената на дуелот против Сасуоло поради груп прекршок на противнички играч.
Стравичниот старт над Киеза го направи дефанзивецот на Сасуоло, Педро Обианг поради што заработи црвен картон. Киеца пресече една топка која беше намената за Обианг, а фудбалерот на Сасуоло во намера да ја одземе топката, стартуваше прегрубо.

Главоболките на тренерот Андреа Пирло не ги задава само Киеза туку и Пауло Дибала и Вестон Меккени кои во првото полувреме мораа да бидат заменети поради повреда.