Супер интересен меч одиграа Реал Мадрид и Севиља, кој заврши 2:2. На овој начин Атлетико Мадрид остана во пол позиција за шампионската титула. Овој дуел предизвика и многу контроверзи. Особено во 76-та минута кога судијата прво покажа пенал за Реал Мадрид, а потоа ја поништи одлуката, па досуди пенал за Севиља. Секако гостите го реализираа овој удар од белата точка преку Ракитиќ. Но, во судиското продолжение Реал сепак постигна гол и остана непоразен.