Во близина на археолошкиот локалитет Помпеја е пронајдена церемонијална кочија, што се карактеризира како едно од најважните откритија во таа област во близина на денешен Неапол.

Кочија со железни елементи и бронзени украси е пронајдена во ископувања северно од Помпеја, надвор од ѕидовите на античкиот град, во близина на штала каде што претходно биле ископани остатоци од три коњи.

Археолозите веруваат дека овие кочии биле користени за бројни церемонии и поворки, а можеби и за свадби.

Археолошкиот парк на Помпеја објави дека станува збор за „извонредно откритие“ и се наведува дека досега не бил пронајден подобро сочуван предмет во Италија.

Sидовите и покривот на зградата во која се наоѓала кочијата помогнале таа да биде добро зачувана.

Ерупцијата на планината Везув во 79 година н.е. ја уништила Помпеја.

Археолозите минатата година во истата област пронашле скелет на човек за кој се верува дека бил богат и скелет од неговиот роб.