На бреговите на Романија и на Бугарија на Црното Море имаше необичен феномен – инвазија на бубамари, за кои експертите велат дека имаат многу едноставно објаснување.

Advertisements

– Ова е целосно објаснето со наезда на лисната вошка. Пред 20 години во Варна имаше многу лисна вошка, кои се омилен плен на бубамарата, што доведе до брз развој на таа популација – објаснува шефот на биомедицинската компанија „ДДД Варна“, Антоанета Тончева.

Таа посочува дека човечката интервенција е неопходна за да се воспостави биолошка рамнотежа.

– Кога ќе изедат поголем дел од вошките, тие ќе заминат, бидејќи ќе бараат храна на друго место – рече Тончева и додаде дека бубамарите не се опасни на луѓето на ккаков било начин.

Прикажи повеќе