По пожарот кој ја уништи целата инфраструктура во кампот Липа, мигрантите кои синоќа го напуштија кампот се обидоа да го блокираат автопатот М-5, пренесуваат локалните медиуми.
ВИДЕО: Пожар во мигранстки камп во Бихаќ, 1200 бегалци останаа без засолниште
Але Сијдедиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Унско-санскиот кантон, рече дека мигрантите се обиделе да го блокираат автопатот М-5 кон Бихаќ и дека помали групи се спуштаат кон градот.
– Нашите членови излегоа само за да го деблокираат главниот пат, и немаше поголеми проблеми околу Липа. Невозможно е да се задржат мигрантите од кампот Липа на таа територија бидејќи тие се ливади, каде што армијата тешко можеше да држи сè под контрола, па затоа во мали групи или индивидуално тие се спуштаат кон градот со заобиколувања – рече Сијдедиќ.
Тој истакна дека полицијата имала слични проблеми и во изминатите три години, но дека нивната главна цел е безбедноста на граѓаните.
– Ние ќе одговориме како што сторивме во изминатите три години што се однесува до безбедноста на граѓаните, а хуманитарниот аспект ќе им го оставиме на властите. Имавме слични ситуации во изминатите години, имаме повеќе работа затоа што нерешавањето на сместувањето ќе доведе до безбедносен проблем, а тоа е делот од работата што ќе го работиме колку што можеме – додаде Сијдедиќ.
Синоќа жителите на Бихаќка се собраа пред центарот за мигранти Бира, каде протестираа со јасни пораки дека не сакаат уште повеќе мигранти во центарот на градот.
Вчера мигрантите го запалија кампот Липа, во кој беа сместени повеќе од 1.300 од нив, а ИОМ ги затвори поради нехумани услови. Работниците на ИОМ го напуштија кампот, а мигрантите сега се оставени сами на себе затоа што граѓаните на Бихаќ не дозволуваат сместување на мигранти во друг прифатен центар во тој град.
Disaster upon disaster in #Lipa #Bihac #BiH – as far as we know now a group of former residents put three tents and containers on fire after most of the migrants had left the camp. Luckily no casualties to our knowledge at this point but disaster nevertheless @UNmigration @UN_BiH pic.twitter.com/Ro7vtUFkcy
— Peter Van der Auweraert (@PeterAuweraert) December 23, 2020
Се проценува дека во моментов околу 6.000 мигранти се во БиХ, каде ги чека тешка зима. Скоро повеќе од илјада живеат во шумите околу Бихаќ и се обидуваат да ја преминат границата со Хрватска за да дојдат до ЕУ.
Минатата недела, Советот на министри на БиХ, по апелот на официјалните претставници на Европската унија, одлучи кампот Липа да остане за презимување на мигрантите и да биде опремен со контејнери. Највлијателната бошњачка партија на Бакир Изетбеговиќ се спротивстави на ова, барајќи мигрантите да бидат распоредени во други области, не само таму каде што живеат Бошњаците.