Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ја прими првата од двете дози на новата вакцина против ковид-19 на која заеднички работеа „Фајзер“ и „БајонТек“. Моментот на негово вакцинирање го проследија голен број на американски медиуми.
Пренос од клиниката во Делавер, каде беше извршена вакцинацијата, го вршеше „Си-Ен-Ен“, а Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари на персоналот во клиниката.