Освен ако ги следите сите епидемиолошки мерки, единствениот начин да спречите да се заразите со коронавирусот е преку вакцинацијата.

И покрај послабиот интензитет на вакцинација, веќе голем број жители ги добиле своите дози, а нив ќе ги има сè повеќе. Со оглед на спомнувањето на тромбови што се појавуваат како нуспојава, пушачите често се прашуваат дали смеат да запалат цигара откако ќе се вакцинираат.

„Индија тајмс“ објаснува дека причината поради која не треба да пушите нема врска со нуспојавите, туку со ефективноста на вакцината.

Според Светската здравствена организација (СЗО), луѓето кои пушат имаат поголем ризик од зараза со коронавирусна инфекција, па затоа им е важно што побрзо да се вакцинираат.

И не само тоа, пушењето исто така го намалува капацитетот на белите дробови и го зголемува ризикот од заболување од неколку други респираторни заболувања. Многу извештаи додаваат дека пушачите се изложени на поголем ризик од потешки компликации кога се инфицирани со ковид-19.

Неодамна, индиската нутриционистка, доктор Вишаха, објави пост на Инстаграм, во кое сугерира дека луѓето не треба да пушат откако примиле вакцина против коронавирус, бидејќи тоа го намалува одговорот на антителата на неколку вакцини. Пушачите можат да користат дури и никотински фластер или гуми за џвакање ако е потребно, но не смеат да пушат.

Докторката сподели серија објави на Инстаграм во кои спомна сè за тоа што треба да направи лицето кога ќе ја прими својата доза. Таа исто така спомна дека луѓето треба да спијат шест часа ноќта пред да се вакцинираат.

Луѓето исто така треба да се обидат да направат и некои вежби за дишење за да го намалат стресот, сугерира таа. Не само пушењето, дури и консумирањето алкохол може да ја ослабне одговорот на имунолошкиот систем на вакцината. Така, луѓето мора да избегнуваат консумирање алкохол три дена пред да ја примат вакцината, а пијанството мора да се избегнува дури 45 дена пред да се оди на вакцинација.