Се сеќавате ли на Сервер Бешир, сиромав човек од Азербејџан кој отиде во Турција со стара кола да му помогне на братскиот турски народ иако и самиот живее во сиромаштија?

Епа, добро со добро се враќа. Турскиот бизнисмен Сабахудин Цивелек му подари нова Тојота, а автомобилот му го предаде на татко му Расим бидејќи Сервер се уште е во Адијаман и помага на луѓето кои настрадаа во земјотресот.