Јоаким Лев го заврши својот тренерски мандат на клупата на Германија со пораз од Англија со 2-0 во осминафиналето на Европското првенство.

Лев ја водеше Германија 15 години, а најголем успех му е победата на СП 2014 во Бразил кога Аргентина беше поразена во финалето.

Големиот стручњак, во меѓувреме, стана препознатлив по неговите одвратни ритуали за време на натпреварите, бидејќи има потреба да ги става прстите таму каде што не треба потоа да ги мириса.

Така, германскиот стручњак знаеше да „копа“ во панталоните, да мириса, а многу често беше мета на критики.

На дуелот против Англија, во еден момент ја провери состојбата, ги намириса прстите, а потоа ги лижеше со јазик.

“Искрено, и јас ги имам видено фотографиите. Очигледно некои работи се прават несвесно поради напливот на адреналин и зголемената концентрација. Тоа се случи и се извинувам за тоа. Ќе се обидам да се однесувам поинаку во иднина”, изјави Лев пред пет години откако во една прилика не се однесуваше хигиенски.

Сепак, како одминуваше времето, овој 61-годишник не успеа да се ослободи од лошата навика што му го донесе неславниот епитет на „најодвратниот“ тренер на денешницата.

Инаку, Лев ја предводеше германската репрезентација на 198 натпревари во учинок од 125 победи, 39 нерешени и 34 порази. Покрај Светското првенство, тој го освои и Купот на конфедерациите во 2017 година, додека во 2008 година го загуби финалето на ЕУРО.

Првиот натпревар го водеше во август 2006 година, кога Шведска беше поразена со 3:0 во пријателски дуел, а последниот вечерва, беше поразен од Англија.

“Се надевавме дека ќе успееме многу повеќе на овој турнир. Разочаран сум затоа што по овој натпревар ентузијазмот исчезна”, изјави Лев по поразот од Горди Албион.

Како што стојат работите сега, Лев во Германија ќе го наследи неговиот поранешен помошник и поранешен тренер на Баерн, Ханси Флик.