По победата над Торонто со 114:110 остварена ноќеска на домашен терен, кошаркарите на Далас маверикс го обезбедија најмалку 6. место на табелата во Западната конференција на НБА.

Со овој пласман, Маверикс го избегна плејин турнирот и има гарантирано учество во плејофот.

На плејин турнирот учествуваат екипи кои се најдоа од 7. до 10. место на табелите на Западната и Источната конференција.

Лука Дончиќ немаше добра шутерска вечер, но и покрај тоа успеа да дојде до трипл-дабл.

Словенецот имаше седум обиди за тројка, а погоди само една, од играше имаше вкупен шут 7/19. Натпреварот го заврши со 20 поени, 11 асистенции и 10 скока. Голема помош Дончиќ доби од Кристап Порзингис кој натпреварот го заврши со 21 поен и 10 скока. Најефикасен кај рапторси беше Харис со 31 поен.

Покрај Далас, место во плејофот од Запад, досега изборија и: Јута, Феникс, Лос Анџелес клиперс и Денвер.

Во плејин сигурно ќе играат Сан Антонио, Голден стејт и Мемфис, додека Лос Анџелес лејкерс и Портланд претендираат на последното место кое носи директно учество во плејофот.