РК Вардар одигра уште еден одличен натпревар во ЛШ. Во „Јане Сандански“ го совлада европскиот вицепрвак Алборг со 30:28. Еден од најзаслужните за победата е Борко Ристовски кој бранеше 45 минути, а забележа дури 15 успешни интервенции. Од три меча, Вардар има две победи и едно реми во новата сезона во ЛШ.