Фудбалерите на Лестер и на Манчестер јунајтед одиграа без победник 2:2 во дербито на 15. коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ во два наврати водеа на „Кинг Пауер“ стадионот со головите на Маркус Рашфорд во 23. и на Бруно Фернандеш во 79. минута, но „лисиците“ успеаја два пати да дојдат до израмнување преку Харви Барнс во 31. и Џејми Варди во 85. минута.

По ремито, Лестер остана на второто место на табелата со 28 бода додека Манчестер јунајтед е трет со бод помалку, но и натпревар помалку.