Како што е познато Жозе Мурињо во Англија, освен Челзи и сега Тотенхем, го предводеше и Манчестер Јунајтед, секако не толку успешно. Претходно беше тренер на Порто, Интер и Реал Мадрид. Сепак, никогаш досега Мурињо немал 10 порази во една сезона во неговата кариера. Вечерва се случи и тоа. Иако неговиот тим Тотенхем водеше во дербито против Манчестер Јунајтед на домашен терен, сепак на крајот загубија со 3:1.

Најблиску до овој негативен учинок бил во сезоната 2015/2016-та како тренер на Челзи кога имаше девет порази. Десетиот не го дочека, бидејќи му беше врачен отказ.