Унгарскиот парламент во понеделникот одобри продолжување на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирусот.

На гласањето во понеделникот вечерта, 133 пратеници од десничарското мнозинство гласаа за, а 55 пратеници беа против продолжувањето, пренесува германската агенција ДПА.

– Advertisement –

Ова е втор пат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжи вонредната состојба, откако за првпат беше прогласена во ноември за 15 дена. Тогаш и опозицијата гласаше за предлогот.

Прикажи повеќе