Украинското Министерство за култура и информативна политика ја аналкизираше иконата што ја доби рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик и заклучи дека станува збор за предмет што е во сопственост на Украина.

– Ова е печат на Одеската регионална комисија за заштита на споменици од материјална природа и култура што е основана во 1926 година во Одескиот ксториско-археолошки музеј. Во периодот од 1926 година до 1930 година, оваа комисија откри и состави попис на споменици на културата во сите окрузи во границите на своите надлежности, ги зема во предвид и ги стави под заштита на државата. Фактот дека на иконата е печат од регионалната комисија укажува дека е во сопственост на Украина, рече заменичката на министерот за култура и информативна политика, Свитлана Фоменко, пренесува klix.ba.

Украинското Министерство подготвува упатства за Државниот архив на Одеската област, за Одескиот археолошки музеј, за Националниот музеј на историја на Украина и други музејски институции за прибавување на архивска граѓа за активностите на споменатата регионална комисија, информација за нејзините културни вредности и јасна и недвосмислена идентификација на иконата.

– Министерството, исто така, подготвува и низа на пописи за агенциите за спроведување на законите во кои се бара да се преземат мерки за одговори од нејзините надлежности. Потребно е да се воспостави ланец на движење и време на движење на иконата од Украина и на територијата на БиХ, додаде Фоменко.

Амбасадата на Украина во БиХ побара од надлежните инситуции да ги објаснат сите детали во врска со подарената, 300 години стара икона од Луганск, со која претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик го даруваше Лавров. Украинците тврдат дека се работи за предмет што е нивно културно наследство.

Обвинителството на БиХ пред неколку дена соопшти дека е формиран предмет и дека ќе бидат извршени сите проверки во врска со информацијата што ја достави министерката за надворешни работи во Советот на министреи, Бисерка Турковиќ за нотата на украинската Амбасада.

– Обвинителството на БиХ прими информација од Турковиќ во која се наведува дека Министерството примило нота од Амбасадата на Украина, се вели во соопштението и притоа се додава дека дипломатска нота не е примена.

Од тогаш никој не се огласи од кабинетот на претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ниту од владата на Република Српска.

Преземено од blic.rs