Русија планира да го претвори Херсон во „град на смртта“ пред нејзините сили да се повлечат од тој голем град во јужна Украина, објави денеска Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Advertisements

„Руската Федерација сака да го претвори Херсон во град на смртта. Руската армија минира сè што и е на дофат, од станови до канализации. Со артилерија на левиот брег, тие планираат да го претворат градот во урнатини. Така изгледа ‘рускиот свет’ – дојдоа, ограбија, славеа, убиваа сведоци, оставија урнатини и си заминаа“, објави Подољак на Твитер.

Во последниве недели се појавија неколку извештаи во кои се тврди дека руските сили ги принудуваат Украинците да ги напуштат своите домови во Херсон и дека самите влегуваат во нив. Во вчерашното телевизиско обраќање, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди руските сили да се повлечат од Херсон.

Прикажи повеќе