краинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара повеќе оружје и дополнителни санкции за Русија. Неговото барање уследи откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина.

Advertisements

„Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Кулеба вели дека рускиот министер за надворешни работи признал дека негов сон е да заземе дополнителна украинска територија што, според Кулеба, докажува дека „Русија ја отфрла дипломатијата и се концентрира на војна и терор“.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина и оти преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла.

„Сега географијата е поинаква. Не се работи само за Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, туку и за Херсон, Запорожје и голем број други територии“, изјави Лавров.

Прикажи повеќе