Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази увереност дека Русија и Украина можат да постигнат договор, наведувајќи дека Москва е подготвена да продолжи со трилатералните преговори со цел да се постигне конечен мировен договор.

„Целта на трилатералните преговори ќе биде постигнување договор за обезбедување на идната безбедност на Русија и Украина“, рече Путин, објави РИА Новости.

Коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата подготвеност да се откаже од територијата, Путин изјави за порталот „Вести“ дека ова не се украински територии, туку историски руски територии.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.