Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина.
Стаб изјави за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ дека е неодговорно задачата за преговори за мир во Украина да им се довери на Соединетите Американски Држави.
„Предолго го оставивме европскиот ангажман со Русија на други, мислам дека тоа беше неодговорно“, рече Стаб.
„Сега кога ја имаме рамката (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да контактираат со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.




















