Американската полиција ја уапси Рајли Џун Вилијамс (22) под сомнение дека украла лаптоп од канцеларијата на демократот Ненси Пелоси за време на немирите во Капитол.

Нејзиниот поранешен партнер изјави дека Вилијамс има намера да ги продаде податоците на руската разузнавачка служба, објави Би-Би-Си.

– Advertisement –

Таа е уапсена вчера во округот Централна Пенсилванија. Извори за „CBS News“ изјавија дека таа им се предала на властите.

Пет лица беа убиени кога приврзаници на претседателот Доналд Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот на 6 јануари, кога пратениците се состанаа за да ја потврдат изборната победа на Џозеф Бајден.

Прикажи повеќе