Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот ја има последната шанса за да се избори за првата позиција во група, преку која се игра плејоф за ЕП.
Тогаш ја испиша историјата во Тбилиси под други околности, со Ангеловски како селектор и Пандев капитен, но сега Грузијците се посилни од тогаш.
На селекторската функција го имаат славниот Вили Сањол, а во игра опасниот Квича Кварацхелија кој со 21 година веднаш стана првотимец на Наполи и во јуни ни даде гол на Градски кога не победија 0:3.
За Македонија да ги задржи шансите за ЕП 2024, постојат три многу тешки варијанти:
1. Победа над Грузија од 4 гола разлика и потоа се разбира победа над Бугарија. На тој начин би имале подобар дуел од Грузијците.
2. Победа над Грузија од 3 гола разлика. Потоа да ја победиме Бугарија со 2 гола повеќе од тоа што Грузија би го победил Гибралтар.
3. Со било каква победа над Грузија. Потоа ќе треба да ги победиме Бугарите и да чекаме Грузија да киксне со аутсајдерот Гибралтар, односно да не освои 3 бода.
Извор: Off net