Пред нас е нова недела која носи многу возбудливи моменти. Сè уште сме под власта на Стрелец, па акцентот во наредните денови ќе биде ставен на забавата, дружењето, патувањето и новите искуства. Овие три знаци ќе имаат најмногу среќа и добро ќе ги искористат планетарните влијанија.

Девица

Иако одредени потешкотии сепак ќе постојат, особено на работа, сепак Девиците ќе забележат значително подобрување. Ќе бидат повесели и помалку ќе се грижат за деталите, а оптимистичкиот став ќе им помогне полесно да ги надминат неволјите на кои ќе наидат. Неделата е особено среќна на љубовен план. Слободните ќе ги спуштат штитовите и ќе се отворат за нови искуства, додека паровите ќе ги разгорат страстите.

Стрелец

Стрелците сепак ќе имаат проблеми дома, а нешто помалку на работа, но многу подобро ќе се справуваат со нив. Ќе чувствуваат дека можат да постигнат се што ќе посакаат. Најмногу ќе ги радува подобрувањето на финансиската состојба. Парите што ќе ги заработат добро ќе им дојдат да си дозволат нешто по кое копнееле, како што се нови чевли, чанта или патување. Зафатените ќе почувствуваат потреба да ја подигнат врската на повисоко ниво.

Скорпија

Се ќе си оди по свое. Работата ќе се одвива со редовно темпо, па ќе се избегнат стресот и нервозата, а можно е и зголемување на платата, исплата на бонус или божиќен бонус. Парите ќе ги искористи за купување подароци, но и за забава и некои свои задоволства. Излегувањето ќе биде високо на нивната приоритетна листа оваа недела. Слободните ќе запознаат многу интересни луѓе, а некои ќе запознаат и потенцијален партнер.