Актерите Лили Џејмс и Себастијан Стен, за новата серија „Пем и Томи“, се трансформираа во познатиот пар од 90-тите години, Памела Андерсон и Томи Ли, а очигледно и шминкерите завршиле одлична работа, затоа што многумина би помислиле дека тоа е познатата Памела…

На социјалните мрежи се појавија првите слики на Лили Џејмс и Себастијан Стен, трансфомирани во поранешна двојка која ги полнеше насловните страни на весниците во 90-тите години на минатиот век со своите бројни афери и љубовни перипетии.

На прв поглед, малкумина би се посомневале дека на фотографијата не станува збор за позната русокоса која се прослави со улогата во „Baywatch“ и лошиот рокер, тапанарот на групата „Motley Crew“.

Моите колеги, Себастијан и Лили, се многу покул од мене. #PamandTommy“, објави на „Твитер“ Сет Роген, кој го игра Ренд Готје во серијата, човекот кој го украде и го продаде нивниот познат домашен филм.

Роген исто така се потпишува и како извршен продуцент заедно со креативниот партнер Еван Голдберг. Во серијата играат и Ник Оферман, Тејлор Шилинг, Ендру Дајс Клеј, Пепи Сонуга, Спенсер Гренез и Можан Марно.

Британската актерка Лили Џејмс сподели нови фотографии од серијата на својот инстаграм-профил со цитат од Памела Андерсон.

Одлично е да се биде русокоса. Многу е лесно да ги изненадите луѓето кога имаат мали очекувања“, напиша таа.

Себастијан Стен исто така се огласи на социјалните мрежи за да му оддаде почит на Томи Ли, споделувајќи фотографија од него во костум со познат цитат од рокерот.

Ние не престануваме да си играме затоа што старееме, старееме затоа што престануваме да си играме“, напиша Стен во описот на фотографијата.