Тотенхем ќе ѝ излезе во пресрет на Барселона и ќе договори трансфер на Миралем Пјаниќ, пишува англиски „Дејли Мејл“.

Пјаниќ минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ како големо засилување, но е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви.

Играчот за врска од БиХ не успеа да се снајде во филозофијата на Роналд Куман. Поради тоа ова лето разгледуваа опции каде што одново би можел да игра како стандарден првотимец или со повисока минутажа од онаа што ја добива на „Камп Ноу“.

Пјаниќ сака да си замине, Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата, па може да замине на позајмица ова лето.

31-годишникот Босанец пристигна во Шпанија минатата година. Одигра само 19 натпревари во каталонскиот дрес и не успеа да постигне ниту еден погодок.