Диего Марадона запиша осум асистенции во своите настапи на Мундијалите и стои осамен на врвот меѓу сите легенди. Зад него најблиску е Томас Милер од Германија. Офанзивецот шест пати асистирал за погодок, а ќе има шанса да го достигне големиот аргентински фудбалер на претстојното Светско првенство во Катар.
Лионел Меси следува со пет асистенции, а зад него се двајца Белгијци, Еден Азар со четири и Кевин де Брујне со три додавања.
Ако ја погледнеме вечната листа на најдобри асистенции, по Марадона со осум, следат Пјер Литбарски и Грегорж Лато со по седум, а заедно со Милер, легендите како Пеле, Дејвид Бекам, Франческо Тоти, Бастијан Швајнштајгер имаат шест…