Легендарниот пејач Том Џонс (80) откри дека се вакцинирал против коронавирусот, па се пошегува како тоа е единствена предност на староста.

„Веќе се вакцинирав. Тоа е единствената добра работа кога имаш 80 години. Прв си во редот за вакцина. Добро го поднесов тоа. Изгледаше како обично вакцинирање против грип“, изјави пејачот.

Том Џонс го најави и својот нов албум.

„Снимив албум нешто пред да започне карантинот поради пандемијата на коронавирусот, на почетокот на година, а сега е ред да го претставам“, истакна музичарот.