Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.