Маријана Велјовиќ важеше за една од најубавите судијки во светот на тенисот, но тоа сега нагло се смени.

Судијката, која има потекло  од Србија, се најде во центарот на вниманието пред една година кога се играше УС Опен, бидејќи ја воодушеви јавноста со својот изглед.

Многумина пишуваа за Маријана во тоа време и ја нарекуваа најубавата судијка во светот на тенисот, но претходните денови сите беа шокирани кога видоа како изгледа моментално.

Имено, во претходните месеци Маријана одлучи да направи неколку пластични операции на лицето, па затоа сега изгледа навистина непрепознатливо.

На многумина не им е јасно зошто оваа судијка се одлучи за козметички корекции на лицето бидејќи навистина изгледаше убаво.

Таа неодамна се појави на една српска телевизија и многумина не можеа да поверуваат што стори за себе.

Маријана реши да направи големи корекции, но се чинеше дека не излезе точно како што се надеваше.

Српската судијка ја воодушеви јавноста на Австралија опен кога му „одржа лекција“ на Роџер Федерер.

Исто така, на овогодинешното издание на Австралија опен таа имаше тешка задача бидејќи го судеше мечот помеѓу Ник Киргиос и Уго Хумберт.

Киргиос е познат по контроверзното однесување и имаше забелешки во текот на целиот натпревар, но Маријана беше мирна и нежно му објаснуваше секогаш кога нешто ќе му беше нејасно.

Предвидено е ова лето да се појави на Вимблдон каде ќе суди неколку натпревари, но за нејзината волшебна убавина повеќе нема да се зборува.