Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земја да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината со олабавување на епидемиолошките мерки, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу држави.
Во врска со програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против ковид-19, од СЗО посочија дека бројот на дистрибуирани вакцини се уште е мал.
– Advertisement –
„Има напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е се уште релативно мал“, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус.
Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека се уште не е време да се релаксираме.
„Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно.Ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран“, предупреди Рајан на прес-конференција во Жeнева.