
Светската здравствена организација (СЗО) бара од Кина да обезбеди точни и реални податоци во реална временска рамка за епидемиолошката состојба во земјата, со оглед на наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус и оние кои страдаат од ковид-19.
Претставниците на СЗО во петокот се сретнаа со претставници на кинеската Национална здравствена комисија и Националната администрација за контрола и превенција на болести, од кои побараа „дополнителни информации за ситуацијата и понудија експертиза со дополнителна поддршка“.
„СЗО ја нагласи важноста од мониторинг и навремено објавување на податоци за да им помогне на Кина и на глобалната заедница во формулирањето на точни проценки на ризик и ефективни одговори“, соопшти организацијата со седиште во Женева.