НАСА објави  нова импресивна фотографија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Овој пат, тој снимил извонреден објект кој се наоѓа на околу 7.000 светлосни години од Земјата.

Тоа се „столбовите на создавањето“. Лево е сликата направена од вселенскиот телескоп Хабл во 1995 година, а десно е новата снимка на Џејмс Веб.

„Столбовите на создавањето“ се еден вид „родно место“ за нови ѕвезди кои се формираат во густи облаци од гас и прашина. Тридимензионалните столбови изгледаат како величествени карпести формации, но всушност се составени од меѓуѕвезден гас и прашина.

Според некои астрономи, постои голема можност овие „столбови на создавањето“ веќе да изгледаат поинаку или дури и да исчезнале. Причината е што тие се на монструозна оддалеченост и светлината од нив стигнува до нас со огромно задоцнување.