
Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре. Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно.