Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова и на Клиниката за Онкологија Нино Васев поднесоа оставки на барање на министерот за здравство Беким Сали. Како што објави Фокус, и доколку не поднеле оставки, тие секако ќе биле разрешени, бидејќи вакво нешто им било кажано кога биле на средба со Сали во неговиот кабинет.
Тоа била и првичната причина зошто двајцата први луѓе на скопските клиники веднаш се соогласиле на таквата можност.
„Фокус“ го контактираше и актуелниот министер, кој во изјава ни потврди дека оставките се дадени по негово барање.
-Во последниот период и на двете клиники имаше доста скандали поврзани со работата на директорите и поради тоа мораше да се преземе ваков чекор. На тој начин се создадоа и сомнежи околу нивната работа и затоа тие денес си поднесоа оставки и на нивно место ќе бидат назначени нови директори, вели Сали.