Македонските натпреварувачи Ставре Јада и Дарко Дамјановски го имаа својот прв настап на Светското првенство нордиски дисциплини што се одржува во Словенија.

Јада денешната трка во рамките на квалификациите за спринтот класично 1,4 км ја заврши на 108. место со време 3:58,56 минути, односно 1:03,06 минута побавно од најдобриот резултат на Норвежанецот Ерик Валнер.

Дамјановски квалификациите ги заврши за 4:03,63 минути, доволно за 111. место. Во женска конкуренција, македонската претставничка Ана Цветановски го освои 85. место со време 4:56,94 минути./МИА

Прикажи повеќе