Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала рано изутринава ја погоди Италија.

Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Потресот е почувствуван и во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Прикажи повеќе