Швајцарка е тешко повредена откако излегла од својот автомобил, кој го оставила со вклучен мотор, а потоа тој трипати ја прегазил, соопшти локалната полиција.

45-годишната жена излегла од својот автомобил во станбената населба во Сент Гален, во североисточна Швајцарија, веројатно со цел да извади нешто од багажникот, соопшти регионалната полиција, а пренесува швајцарската новинска агенција „АТС“. Но, тогаш автомобилот почнал да се движи наназад.

Жената залудно се обидувала да го запре возилото, пред да падне на земја и првпат да биде прегазена.

Автомобилот потоа удрил во друго возило и се одбил од него пред да тргне наназад, прегазувајќи ја жената по вторпат, соопшти полицијата.

Откако удрил во работ од улицата, автомобилот повторно се упатил кон несреќната жена и третпат ја прегазил, за на крајот да удри во дрвена преграда и да застане.

Жената е пренесена во болница во тешка состојба, јавува медиумот.