Европскиот предлог има 11 члена, чија главна цел е постигнување нормални односи на добрососедство меѓу Косово и Србија, врз основа на еднакви права. Предлогот има за цел страните да ги почитуваат меѓусебните суверени права, независноста, автономијата, суверенитетот, територијалниот интегритет, правото на самоопределување и заштитата на човековите права и недискриминацијата.
Со него се предвидува и препознавање на релевантни симболи и документи, со што би се овозможил слободно движење на луѓе и стоки. Во првиот член се вели: Двете страни меѓусебно ќе ги препознаваат релевантните документи и националните симболи, вклучувајќи ги пасошите, дипломите, табличките на возилата и царинските печати.
Во вториот член од предлогот се наведува дека: Двете страни ќе се водат од целта и принципите дефинирани во Повелбата на Обединетите Нации, особено оние кои се однесуваат на суверените права на државите, почитувањето на нивната независност, автономија и територијална интегритет, право на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација.
Во членот 4 се вели дека: Страните тргнуваат од претпоставката дека ниту една од овие две не може да ја претставува другата страна во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име. Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.
Што се однесува до правата на српската заедница во Косово, предлогот предвидува нивна заштита. Исто така, се вели дека врз основа на инструментите на Европскиот Совет и постојните европски искуства, страните ќе се заложат да обезбедат оваа заедница да има соодветно ниво на самоуправа во Косово, како и да ужива право на финансиска помош од Србија. Исто така, со овој предлог страните се согласуваат меѓусебно да не се попречуваат кога е во прашање членството во меѓународните организации. Во точката 10 од Договорот за нормализација меѓу Косово и Србија, се наведува дека двете страни ја потврдуваат својата обврска за спроведување на сите минати договори за дијалог, кои остануваат валидни и обврзувачки, вклучително и за Асоцијацијата.
Анекс на договорот од осум точки за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, предвидува членовите дефинирани во европскиот план да стапат на сила веднаш со потпишувањето на договорот, освен членовите 1, 4, 7, 8, 9 и 10.
Шкелзен Аќифи