Англискиот стручњак Шон Дајш ќе биде новиот менаџер на Евертон, кому му претстои тешка битка за опстанок во Премиерлигата. Откако му се заблагодарија на Френк Лампард за соработката, челниците на Евертон почнаа да бараат негов наследник.

Нивниот прв избор беше Марсело Биелса, но според островските медиуми не постигнале договор со поранешниот тренер на Лидс, па се насочиле кон други решенија.

Одлуката е донесена, Дајш до крајот на денот треба да биде именуван на клупата на славниот англиски клуб. Дајш го водеше Барнли од клупата во изминатите десет години, а беше и на кормилото на Вотфорд./Makfax/

Прикажи повеќе