Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје дополнително се влошува, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, додека Украинците ги обвинија руските сили за повторно бомбардирање на централната канцеларија. „Ситуацијата се влошува и не можеме да си дозволиме луксуз да чекаме да се случи катастрофа“, рече Гроси по состанокот во француското претставништво во ОН. Состанокот го отвори францускиот претседател Емануел Макрон, кој учествува на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Директорот на МААЕ изјави дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кого се сретнал во седиштето на ОН.